Хо'опонопоно со 12 чекори или 14 чекори
Општо
Начинот на броење на чекорите од главниот процес на Морна Симеона (Основен 1) е од формална природа: До 1986 година беше изведуван под слоганот „12-те чекори“. Но, во тоа време веќе имало 13 чекори, затоа што прашалникот (списокот со проблеми) не се броел. Како и да е, единствено со прашалникот е можно да се изведе хо’опонопоно на Морна; тој ги заменува луѓето и ентитетите, кои се дел од дадениот проблем, но не се физички присутни, бидејќи Морна ги вклучила преку прашалникот на ментално ниво.
Покрај тоа во средината на процесот беа чекорите 6a, 6b, 6c и 6d, кои се сметаа како делови од еден чекор, иако секој од нив беше поголем од тие по него. Покрај тоа, 6b беше само алтернатива на 6а, а 6c беше интегриран во 6а.
Последната верзија на главниот процес на Морна од 1991 година, беше со 14 чекори и ги немаше збунувачките чекори 6a, b, c или d. Покрај тоа, како што е важно ТОА ШТО е вклучено во ОРИГИНАЛНАТА верзија на Морна, исто така е важно и КАКО се изведувал процесот. Еве ги резултатите по четврт век :
Претставено од Пацифика Семинарс
Кога за прв пат се запознавме со хо’опонопоно во ноември 1986 година за време на првата посета на Морна во Германија, Морна нè научи да изведуваме Хо’опонопоно на следниот начин: Требаше да најдеме тивко место за да ги запишеме своите проблеми на списокот (наречен „прашалник“). Потоа, продолжувавме со процесот по одреден редослед, вклучувајќи ги 2-та круга дишење и изговарањето на 11 различни молитви. До ден-денес (од 1986 година), ние сè уште го користиме истиот начин. Нема мантри, нема алатки.
Претставено од ИЗИ ДОО
На почетокот, до околу 1998 година, Фондацијата на „Јас“ (основана од Морна во 1980 г.) на Хаваите, ги правеше семинарите на истиот начин како и Морна на Пацифика Семинарс, иако слоганот „12 чекори“ е останат до ден-денес.
Околу 2005 година, д-р Лен како „духовен водач“ на Фондацијата ја измисли мантрата од 11 зборови и ја основа ИЗИ ДОО околу 2009 година. Инспириран од неговиот духовен водач, кого го нарекува „Божество“, тој ја создаде мантрата „Те сакам , те молам прости ми, жал ми е, ти благодарам“. Оваа мантра е убава молитва, но НЕ е Хо’опонопоно, бидејќи ѝ недостасува взаемно простување.
Во текот на следните 25 години по смртта на Морна во 1992 година, нејзиното 19 годишно дело постепено беше исфрлено од употреба: Прво, прашалникот повеќе или помалку беше изоставен. По тоа, дури немаше потреба ни да се прочитаат 12-те (или 14-те) чекори и да се направат 2 круга дишење, туку само да се помине преку страниците со еден прст – т.н. „скенирање“. Неодамна, Мабел Кац во едно интервју изјави дека е доволно само да се направи или да се изговори „икс“ (таа не работи за ИЗИ).
Покрај мантрата, ИЗИ од 2009 година понуди и повеќе од 70 „алатки за чистење“ (најпозната алатка е моливот со гума за бришење). Овие алатки НЕ се од Морна (освен 3, но не во смисла на чистење), ниту пак се од Хаваите и НЕ се Хо’опонопоно - никогаш не ни биле.
[текст: Михаел Миклај]
