Хо'опонопоно во хавајската државна болница
Што навистина се случило од 1984-1987 година
Кратко речено, во хавајската државна болница 23 криминалци со ментални нарушувања биле „излечени “ помеѓу 1984 и средината на 1987 година. Сепак, методот што го користел Хју Лен тогаш НЕ била мантра со 11 зборови непозната на Хаваите, туку хо'опонопоно според Морна Симеона од 14 чекори.
Едно од најголемите застранувања во духовната област
Пишувањето на овој дел не беше лесно, бидејќи хо'опонопоно е проект на мирот, а не на конфронтацијата. Сепак, има случаи во животот што мораат внимателно да се разгледаат и да се земат предвид најважните околности, во кои судбината на илјадници луѓе мора да и се спротивстави на судбината на еден човек и на неколку стотици негови следбеници.
Пред сè, ако некој е сведок на големо застранување во психо-духовната област, ако може да им го објасни тоа на другите, и ако е храбар, тогаш тој е должен да го стори тоа.
А конечно, и да ги исчисти сите што се вмешани во тоа. Јас бев обучен за хо'опонопоно од Морна во исто време со д-р Стенли Г. Хју Лен, т.е. ми беше дозволено да ги предавам трите нивоа на методот 1-3 („Основен I-III“) до крајот на мојот живот. Хју Лен веројатно го доби тоа право една година порано.
Потоа, добро се забавувавме и често се среќававме на семинарите на Морна. Наскоро, откако Морна нè напушти, нашите патишта се разделија околу средината на 1992 година. Повторно слушнав за него во 2007 година преку книгата Нулти граници од Џо Витале.
Историјата за „излечените“ во хавајската државна болница
Во затворениот дел од Државната болница на Хаваите, д-р Лен, со дозвола на Морна Симеона, го изведувал процесот од 14 чекори што таа го развила тогаш (формално од 12 чекори), при тоа за три години оздравеле 23 психички болни пациенти така што можеле да бидат ослободени (или испратени во нормален затвор, во зависност од нивниот криминален статус). На сите семинари на кои присуствував со д-р Лен, тој ја споделуваше приказната за „излечените“ пациенти.
Два пациенти биле привремено префрлени на друго одделение бидејќи не биле излекувани. Зошто не биле излечени? Затоа што меѓу нив и д-р Лен немало кармички врски. Да, добро прочитавте: хо'опонопоно ја лекува само кармата.
Мантрата на Лен - убава, но не Хо'опонопоно
За Д-р Лен се вели дека е авторот на молитвата: „Те сакам, те молам прости ми, жал ми е, ти благодарам“, која се појавила во јавноста околу 1998 година (шест години по смртта на Морна) а која според неговата книга „Нулти граници“, тој ја упатувал кон Божеството – а не кон луѓето. Таа е едноставна и убава молитва од 11 зборови, но НЕ е хо'опонопоно. Така да, оваа молитва, да ја наречеме „ Мантрата на Лен “, тој не можел да ја примени во хавајската државна болница околу 15 години порано во 1984-87 година.
Како и да е, Џо Витале го снимил одговорот на д-р Лен дека користел дури и пократка форма: [цитат] „Јас само постојано изговорував „жал ми е“ и „те сакам“ постојано... , без прекин“, објасни тој.
[цитат] Тоа е тоа?
Тоа е тоа! [крај на цитатот ] (Нулти граници, 2007 стр. 23).
Иако овие два реда не се обележани со „*“, на сите им е јасно дека во првиот ред е прашањето на Џо Витале, а дека во вториот ред е одговорот на д-р Лен. За жал, овие два реда се користат за постојано и погрешно поврзување на мантрата од 11 зборови на д-р Лен со хо'опонопоно процесот на Морна, и тоа остана прифатено како такво. Освен тоа, ниту Витале ниту Лен не се изјасниле дека ова поврзување не е точно.
На сите семинари од 1986-1991 година, на кои учествував јас како и над илјада други учесници, д-р Лен зборуваше само за хо'опонопоно процесот на Морна Симеона од 14-чекори (претходно од 12 чекори), кој го користел во хавајската државна болница. За ова поседуваме видео и аудио записи.
Учењата од следбениците на „мантрата“: Исто така, не се хо'опонопоно
Бидејќи приказната дека 23 психички криминални пациенти биле излечени само со мантрата не е вистина, произлегува дека и ширењето на сите информации и учења на неговите имитатори усно и писмено, на блоговите, семинарите и во книгите што се засновани на неа, исто така се невистинити. Без оглед на ова, поради нејзиното постојаното повторување и реемитувањето на мисловните форми, мантрата привремено влијае смирувачки на сите инволвирани.
Доказот
Според промотивното писмо потпишано од д-р Лен испратено до околу 1500 натуропати кои зборуваат германски, француски и англиски јазик од 5 и 23 октомври 1990 година, како покана за учевство на семинарите за „Самоидентитет преку хо'опонопоно“, тој го применувал САМО хо'опонопоно процесот на Морна Симеона „најмалку два пати на ден на НЕГОВИТЕ забелешки“. И тој објаснува понатаму:
[цитат ] „Ме замолија да работам со Чарлс ... кога и да отидев за да го набљудувам, му облекуваа лудачка кошула за да ги спречат неговите напади, а во неколку случаи мораа да го однесат во самица, откако тој ги нападнал другите. [видете го следното оригинално писмо] :
.jpg)
.....“. [крај на цитатот]
Всушност, методот во горното писмо е хо'опонопоно на Морна Симеона. Токму така. Нема ниту еден збор за „само наведнат над записот“ или за мантра што се повторувала „одново и одново, без престан“ како во книгата „Нулти граници“ итн. СИТЕ извештаи за оваа таканаречена „вистинска приказна“ се лаги.
Нека се шири постепено вистината ИСПРАВНО И „ПОНО“, во спомен и со почит кон делото на Морна Симеона.
[текст: Михаел Миклај]
