Морна Симеона
фото-галерија

Кратка биографија
Морна Наламаку Симеона е родена на 19.05.1913 година во Хонолулу, на Хаваите. Таа била Кахуна Ла’ау Лапа’ау (исцелителка со билки) и натуропат, а подоцна практикувала и подучувала Ломи Ломи Нуи масажа. Таа ја водела својата пракса десет години во хотелите Кахала Хилтон и Ројал Хаваи (Реф. Морна Симеона, кахуна лапа’ау, хонолулу огласник, стр. Ц4, 17 февруари 1992 г.), пред да го објави своето Хо'опонопоно на светот.
Во 1983 година, Морна била прогласена за „Живо богатство на Хаваите“ од „Хонпа Хонгванџи Мисијата на Хаваите“. Морна почина на 11 февруари 1992 година во Кирхaјм во близина на Минхен, Германија.
Популарноста на Морна на Хаваите е изразена и со фактот дека таа била прогласена за „голема тетка“ на многу Хавајци, пред сè од домородната заедница - но тоа не значи дека се вистински семејни роднини.
Морна Симеона НЕ го научила Хо'попонопо од Мери Кевен Пукуи, хавајскиот научник за јазик и култура, која го дефинирала Хо'опонопоно во нејзиниот речник. Морна го познавала традиционалното Хо'опонопоно. Таа го обновила овој традиционален процес, универзалната верзија е развиена и на крајот е финализирана, само од неа.
Универзално Хо’опонопоно
Морна одржала многу предавања, а во 1983 година одржала семинари за Хо'опонопоно во Обединетите нации, во десетина држави во САД и во повеќе од 14 земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Јапонија, Холандија, Русија и Швајцарија (референца: американскиот сенатор Даниел Акака , „Во спомен на Морна Наламаку Симеона“, Записник од Конгресот, Случаи и дебати на 102-от Конгрес, втора сесија, книга 138 бр. 43, 25 март 1992 година), како и во колеџи, болници, верски институции и претпријатија.
Еден репортер забележал: „Самото присуство на Симеона ги смируваше и ги олабавуваше присутните; а кога им објаснуваше како да се ослободат од стресот и да стекнат внатрешен мир, во нејзиниот глас имаше природна искреност.“
За ширење на своето „хо’опонопоно“, таа ја основала својата прва „Пацифика семинарс“ во 1978 година а по тоа и Фондацијата на „Јас“ ДОО во 1980 г. Во 1986 година ја трансформирала првата „Пацифика семинарс“ во корпорација, а во 1990 година ја основа својата трета „Пацифика семинарс“ во Германија.
Симеона напишала три учебници (материјали за семинарите): „Самоидентитет преку хо'опонопоно, Основен 1“, 128 стр., „Основен 2“ и „Основен 3“.
Во 1987 година, беше официјално преведено 8-то издание на „Основен 1“, од англиски на германски од Михаел Миклај а на француски од Ивет Маури, и беа отпечатени како книги со меки корици (Реф. „Self-Identity through Ho'oponopono“, 128стр., Пацифика Семинарс, 1990 година и „L'Identité de Soi-Même par Ho'oponopono“, 128 стр., Пацифика Семинарс, 1990 година).
Сега во 2020 година, во книгата „Крунисување на свеста“ (8. издание, на германски и на други јазици) се вклучени последните верзии на процесите, од 1991 година, и се достапни преку веб-страницата на Пацифика Семинарс (и само од „Миклај Медиа“) како домашни курсеви.
При крајот на есента 1990 година, Пацифика Семинарс ги организираа последните семинари на Морна во Европа и патувањето во Ерусалим. На 16 јануари 1991 година Морна се врати во Германија, каде што живееше (завршувајќи го своето животно дело) во домот на Михаел Миклај и Ивет Маури во Кирхајм во близина на Минхен каде што и почина на 11 февруари 1992 година.
Во Кирхајм во близина на Минхен
Тоа беше година во која Мајкл и Ивет поминаа со Морна повеќе од 50.000 километри со својот автомобил. Таа ги донесе своите вибрации од Шпицингзе до замокот Нојшванштајн, во Долна Баварија и делови од Горен Пфалц - до пејзажите, куќите и патиштата, езерата, реките и планините. Ниту дожд ниту снежна виулица, ни горештина или студенило, пеш или со автомобил, ништо не можеше да ја спречи да го исчисти овој регион. „Погледнете!" таа еднаш рече седејќи во автомобилот, „Таму, мамутот, како го тресе своето огромно тело“. Потоа тој исчезна, неговата „врзаност за земјата“ се прекина.
Статуата на „Дамата на Слободата“
Моделот на „Дамата на Слободата“ од гипс сега се наоѓа во Вашингтон, во Центарот за посетители во Капитол, а статуата од леано железо на кружната купола на Капитол.
На 25-ти Март, 1992 година, на Хаваите, Сенаторот на САД Даниел Акака (Хаваи) одржа емотивен пофален говор за Симеона, кој беше заведен во записот на Конгресот како некролог. Тој изјави дека Морна, била иницијатор за обновата на Статуата од гипс на „Дамата на слободата“ (да не се меша со Статуата на слободата поставена на влезот во пристаништето во Њујорк).
Откако собра и донираше 25.000 УСД (проценетата вредност во 2020 година е околу 70.000 УСД), расклопениот и оштетен модел беше изваден од складиштето и реставриран. На почетокот на 1993 година статуата беше поставена на почесно место во деловната зграда „Расел“ на Сенатот, а на крајот беше поставена во Центарот за посетители во Капитол, каде што, како што истакна Акака, служи како потсетник за Морна Симеона.

Новата Господова молитва
Божествен Создателу
Татко, мајко, дете како едно
Твоето царство е дојдено
Твојата волја е исполнета
Како на сите Небеса така и на Земјата
Лебот наш насушен дај ни го денес,
И прости ни, како што и ние им проштеваме
На нашите браќа и сестри
Избави нè од искушение
Во секогаш поголема светлина
И ослободи нè од незнаењето
За нашето божествено потекло
Зашто твое е царството
И силата и славата
Во век и векови - Амин.
(Морна Симеона, Новата Господова молитва, 1990)
