Превод на видеото
„ Добредојдовте на официјалната веб-страница на Морна Симеона, творецот на универзалното хо'опонопоно.
Моето име е Михаел Миклај и јас го применувам хо’опонопоно во мојот живот откако се запознав со Морна во ноември 1986 година. Бев обучен лично од Морна и добив доживотна дозвола да ги предавам (заедно со мојата сопруга Ивет) сите 3 нивоа. Дозволете ми да ви дадам краток преглед во следните 5 минути:
Многумина од вас го слушнале зборот „хо’опонопоно“ - но дали сте сигурни дека молитвите и нивната изведба се од последната верзија на Морна (слично како што сликарот го става потписот на своето ремек-дело само кога ќе го заврши)? Дали е тоа последната верзија на Морна по нејзината 19-годишна работа? Дали е тоа верзијата што може да направи чуда? Или, тоа е само скорашен „њу-ејџ“ метод, наречен „хо’опонопоно“?
Според Хавајскиот научник, Мери Кевен Пукуи , хо’опонопоно се дефинира како „духовно чистење (како дел од собирите на вмешаните семејства) во кои засегнатите се ослободувале од проблемите во меѓусебните односи преку молитва, дискусија, признавање на вина, покајување и преку взаемно простување“. Процесот бил модериран од Кахуна, традиционален исцелител и еден вид на посредник, кој (и единствено тој) ги знаел молитвите и процесите. Морна Симеона го разви универзално хо’опонопоно за да овозможи самостојна изведба на ова духовно чистење (во кое било време и на кое било место), за разрешување на кој било проблем, и со вклучување на сите учесници во конкретниот проблем (наведени на списокот со проблеми). Сите молитви се насочени исклучиво кон божествениот Создател. Развојот и ширењето на универзалното хо’опонопоно низ целиот свет е дело на Морна Симеона.
Меѓутоа, во последните 30 години, ширум светот се појавија повеќе од дваесет методи под името „хо'опонопоно“, но тие не се тоа - особено мантрата „Жал ми е, прости ми, те сакам, благодарам“. Но, зошто оваа популарна мантра не е хо'опонопоно? Едноставно: Во неа недостасува сржта на хо'опонопоно. Во оваа мантра нема взаемно простување.
На Хаваите, од каде што е дојдено хо'опонопоно, оваа мантра е потполно непозната а таа никогаш не била користена ни од Морна. Но, околу 1998 година (6 години по смртта на Морна) мантрата беше измислена од д-р Хју Лен. Мантрата е убава молитва, но д-р Лен не е ниту кахуна ниту шаман. Д-р Лен стекнал докторат од формалното образование.
Да додадам накратко: Д-р Лен и јас скоро истовремено бевме обучени од Морна Симеона и кон крајот на 1980-тите заедно одржавме низа семинари во Германија. Тоа беа прекрасни времиња а ние четворицата работевме заедно хармонично. Но, тогаш немаше мантра.
Но, зошто е оваа мантра толку популарна, а не последната верзија на Морна од 14 чекори? Нејзиниот успех се должи на едноставноста, на Џо Витале и на модерниот живот исполнет со многу обврски и потребата за „брзи решенија“. Џо ја вметна мантрата во својата книга како специјалист за интернет. Иако мантрата може да ја смири и олесни ситуацијата на краток рок (но не трајно), во неа нема „меѓусебно простување“. Дури и со промената „си простувам себе, ти простувам тебе“ не е взаемна, затоа што другите учесници не ви простиле.
Можеби за вас оваа разлика не е значајна, но за Морна беше. Таа сметаше дека во нејзиниот метод взаемно простување е од клучно значење.
Ви благодарам и со топли поздрави, Михаел Миклај“
