
Семето на успехот, засадено од Морна Симеона
Кои сме ние?
Михаел Миклај и Ивет Маури првпат се сретнаа со Морна Симеона на 5 ноември 1986 година на нејзиниот прв хо'опонопоно семинар во Германија, и нивните животи се променија во тој момент.
Михаел Миклај е роден близу Минхен, Германија, и студирал економија и право на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен. Зборува течно француски и англиски јазик. По дипломирањето, основал агенција за рекламирање и работел во Европа, Њујорк и Југоисточна Азија, стекнувајќи при тоа значително меѓународно искуство. Од 1979-1984 година, Михаел бил директор за маркетинг во најголемата издавачка куќа Географска издавачка куќа Маирс (сега Маир Дамонт), и развил европски водичи и литература за патувања, и е автор на таканаречените Книги за промоција.
Од 1996 година, Михаел управува со сопствената издавачка куќа Миклај Медиа, во која книгата за хо'опонопоно „Крунисување на свеста“ е објавена на повеќе јазици (ќе има изданија и на други јазици). Неговиот духовен дом од 1964 година е филозофската и религиозната литература на големите мислители и духовници на античка Грција, Индија и Југоисточна Азија.
Ивет Маури е родена во Франција и е вториот член на одборот на Пацифика Семинарс Германија. Работела како секретарка за странски јазици, зборува и пишува течно на германски, англиски и италијански јазик. Како близок соработник и сопруга на Михаел од 1975 година, таа се грижи за личните хо'опонопоно обуки. Во мај 1991 година, кога Морна живееше со нив, Морна во една прилика изјави: „Михаел и Ивет се едно“ (во срцето и умот).
Третиот Пацифика Семинарс основан од Морна
Морна Наламаку Симеона отсекогаш беше физички и духовен центар на своите организации. Морна и понатаму е духовен центар за нас, во Пацифика Семинарс (Германија), повеќе од 30 години (заклучно со 2021 година).
Морна го основала (првиот) Пацифика Семинарс како здружение во 1974 година, а потоа „Пацифика Семинарс здружени компании“ (Хонолулу, Хаваи) со нејзините партнери, на 13 февруари 1986 година (расформиран е во 2003 година).
Последниот „Пацифика Семинарс“ го основала на 19 септември, 1990 година со Ивет Маури, во Кирхајм, Минхен, по предлогот што Морна го добила (во писмена форма)преку канализирање на 15 јуни 1990 година од „Јас“ („Изворот“). Набргу потоа, Михаел Миклај се приклучил на организацијата.

Yvette Mauri, 1990
Morrnah, 1990
Ние предаваме како што предаваше и Морна
При основањето на Пацифика Семинарс (Германија) Морна ги задржа целите и задачите на Пацифика Семинарс (Хаваи). Во членот III (1) од Статутот, се вели:
„Целите на „Пацифика Семинарс, здружени компании“ се посветени на развојот во областа на заштитата на животната средина, зачувувањето и употребата на енергијата како и на истражувањето и максимизирањето на човековите способности и биоритмички карактеристики.“
Пацифика Семинарс е посветена на пренесувањето на оригиналното хо'опонопоно на Морна Симеона, што води кон решавање на личните проблеми на луѓето и кон подигање на нивната свест, за себе самите и за универзумот. Пример за ова е нашата книга „Крунисување на свеста“која ги содржи Хо'опонопоно молитвите на Морна (нејзините последни верзии од 1991 година), и со зборовите и со начинот на изведба на молитвите, како детален домашен курс.
Покрај тоа, одржуваме и воведни предавања и семинари во Германија, Швајцарија, Австрија и Полска (прекинати поради КОВИД-19 во март 2020 година), кои уживаат голема популарност поради нивната автентичност. Курсевите во живо се одржуваат на ист начин како што ги одржуваше и Морна во 1990 година: Со запишување на проблемите на список (наречен „прашалник“), во одреден формат, а потоа се прави духовното прочистување.
Некои поенти од Пацифика Семинарс на Морна:
Прв светски симпозиум „Идентитет на човекот“
(5-12 јули 1982)
Првиот Пацифика Семинарс (со седиште во Хонолулу, Хаваи) го организираше и спонзорираше „Идентитет на човекот: Прв светски симпозиум 1982 година“. На него присуствувале или испратиле честитки многу истакнати Хавајци, како Морна Симеона, така и високи државни службеници вклучувајќи го и гувернерот Џ.Аријоши, и официјални лица од образованието и здравството на Хаваите. Сенаторот на САД, Даниел Акака, (првиот сенатор со домородно хавајско потекло), напишал
„Посебен алоха поздрав за Морна Симеона, претседателот на Пацифика Семинарс, која ја разви идејата да се собереме „за да ја прошириме свеста и важноста на идентитетот на човекот во време кога неговиот опстанок е оптоварен од конфликтите во светот.“ Морна беше последниот говорник, на „Исцели се себе“.
.
„Чудото“ во хавајската државна болница
(од 1984 до јуни 1987)
Морна предавала на повеќе од 50 институции, вклучувајќи ги Универзитетот Џонс Хопкинс и на Обединетите нации. Додека била таму, таа го запознала Стенли Хју Лен, кој од 1983 година работел во хавајската државна болница во Канеохе. Таа веднаш, јасновидо, ги видела старите кармички врски на д-р Хју Лен со тие пациенти и нивните со него.
Морна го виде ова како идеална можност да го примени својот процес од 14 чекори - и така се случи, (но системот на Морна никогаш не вклучувал мантра или алатки). Како посветен студент на хо'опонопоно од 1986, јас (Михаел Миклај), заедно со Ивет и многу стотици други, слушав воодушевено, додека Хју Лен ја раскажуваше оваа приказна за напредокот на пациентите, на почетокот на секој семинар од ноември 1986 до 1989 година. (постои снимка). Ефектот од методот на Морна беше очигледно позитивен, и покрај тоа што за експертите сè уште беше длабока мистерија.
Ослободување на „Дамата на слободата“
(во средината на 80-тите)
Постои гипсен модел од бронзената „Статуа на слободата“ (Дамата на слободата) на ротондата на покривот на Капитол во Вашингтон, што со децении се чувал во магацин, расклопен на 5 дела. Морна јасновидо сфатила дека духот на слободата престојува во овие парчиња, како резултат на интензивните мисли што ги пренесле скулпторите при изработката.
Затоа, таа собрала 25.000 УСД (денешна вредност околу 50.000 УСД), што му ги дала на архитектот за реновирање. Тој ги составил парчињата и нашол соодветното место за статуата. Таа сега е во Центарот за посетители во Капитол, во спомен на Морна Симеона.
„Германија е ослободена“
(8 и 9 ноември 1986)
Морна Наламаку Симеона, придружувана од Хју Лен, за првпат дојде во Германија по покана од Германецот Ернст Е. Линер. Беа планирани викенд семинари во 3 градови. Во недела, 9 ноември, Морна сподели со учесниците на семинарот дека, како резултат на нејзината ноќна медитација, треба заедно да направиме специјално прочистување за Германија. Михаел требаше да го напише својот прашалник јавно на таблата, а останатите на својата хартија. Морна додаде дополнителни зборови за чистење поврзани со минатите војни на Германија.
По ова хо'опонопоно, таа радосно објави дека „Германија сега е ослободена“. Никој не разбра што сакаше да каже, а таа не кажа ништо повеќе. Но, точно три години подоцна, кога Берлинскиот ѕид падна и Германија повторно се обедини, знаевме што таа навистина сакаше да каже, и што стори за нас, преку ова хо’опонопоно.
Официјалните преводи на Хо'опонопоно
(март и април 1987)
Во март 1987 година, Морна побарала од Михаел да ги преведе на германски јазик скриптите за нејзините семинари со наслов „Самоидентитет преку хо’опонопоно“, а потоа во април, од Ивет го побарала истото на француски јазик. Тоа биле првите, официјални книги за хо'опонопоно во Европа. Откако биле завршени, на задоволство на Морна, таа ги наградила: Ивет и Михаел добиле дозвола да држат предавања за нејзиното хо'опонопоно, без ограничувања.
Првите 60 семинари одржани во Европа
(1987 до 1990)
Со дозвола од Морна, Ивет и Михаел ги организираа курсевите Основен 1 и 2 на Морна и предаваа на околу 60 викенд семинари (претежно заедно со Морна), во градовите низ Германија, Франција, Данска, Полска, Швајцарија, итн. На 19 септември 1990 година, Морна заедно со Ивет, ја основа Пацифика Семинарс (Германија).
Последното долго патување на Морна
(5.10. - 12.12.1990)
По долги и напорни подготовки, била подготвена 9-неделна турнеја за Морна. Заедно со Ивет како организатор и придружник на патувањето, и уште двајца, оваа мала група патувала на разни места во Египет, Синај и Ерусалим. Сè било направено како што барала Морна. Најголемиот дел од потребните средства ги обезбедил Михаел.
Морна во Кирхајм/Минхен
(15.1.1991 – 11.2.1992)
Повеќе од една година, Морна живееше во домот на Ивет и Михаел во близина на Минхен во Германија. Не одржувавме семинари, наместо тоа, се возевме со Морна 37.000 милји низ селата околу Минхен. Во статиите на Пацифика Семинарс е запишано дека мисијата на Морна за овие денови беше духовната заштита на животната средина, прочистувањето на пејзажите, реките, потоците и езерата.
На крај, Морна почина мирно во нивните прегратки, дома - нејзината работа беше завршена. Таа беше пренесена на Хаваите во бел ковчег. Ивет и Михаел беа на Хаваите кога на Морна ѝ беше оддадена последна почит, и ѝ беше дадено збогувањето „ке ола“ од нејзините многубројни пријатели и обожаватели. По овој настан, Ивет и Михаел ги посетија прекрасните Хавајски острови - родното место на Морна и на хо'опонопоно.
На 24 март 1992 година, американскиот сенатор Даниел Акака (Д-Хаваи) ѝ оддаде почит на Морна со својот говор, за што е зачуван и запис во Конгресот.
Наследството на Морна живее и понатаму
(од 1992 - до денес)
Од 1994 година, Михаел работел како автор на свои проекти. Како резултат на хо'опонопоно, Михаел го намалил својот работен ангажман, за да може да се посвети на работата на хо'опонопоно, нивната околина се подобрила, со голема градина со езерце, овошни дрвја, кошница со пчели, па дури и со малку шума.
Во 2004 година, била започната книгата „Крунисување на свеста“ на германски јазик - книгата за создавањето од јасновида перспектива (делумно како што Морна предаваше на часовите, на пр. трите дела на умот), и целосните учења на Морна Симеона, комбинирани во едно.
Ивет и Михаел продолжија да одржуваат семинари во живо (околу 500 до сега!) и предавања за унивезалното хо'опонопоно на Морна. Од 2014 година тие исто така нудат бесплатна телефонска и поддршка по електронска пошта - не како советници, туку како учители, за да им помогнат на учениците правилно да го практикуваат своето хо'опонопоно, и да ги отстранат пречките за постигнување на добро здравје, богатство и среќа.
Работата на Пацифика Семинарс продолжува да расте, од семето засадено од Морна, а книгата до сега е преведена на 13 јазици, и веќе е издадена на осум јазици. Тие се достапни ширум светот преку Пацифика Семинарс, Германија.
Авантурата продолжува!
[Текс: Михаел Миклај]
