top of page

Хо'опонопоно историја и развој

„Раните денови“

Хо'опонопоно е психо-духовен метод за решавање на проблеми и потекнува од Хаваите, кои се наоѓаат среде огромното пространство на Тихиот Океан. На Хаваите и низ целиот полинезиски регион не постоела пишана форма на хо'опонопоно сè до 1820-тите, процедурата била зачувана во усната традиција од кахуните. Годината на нејзиното прво појавување не може објективно да се одреди, но јасновидно е „видено“. 


Неговите корени се од памтивек, пред илјадници години. Првото запознавање на пошироката јавност со хо'опонопоно се случило во 1957 година, кога славниот хавајски научник Марија Кевен Пукуи го спомнала во една од нејзините книги за хавајската култура и во нејзиниот хавајски речник, каде прецизно го опишала како „Духовно чистење во кое (погрешните) меѓучовечки односи се обновуваат преку молитва, дискусија, признавање на вина, покајание и взаемно простување“.Оваа дефиниција сè уште важи и во 2020 година.

Обнова

Во времето на обновата на хавајската култура, почнувајќи од 60-тите години на минатиот век, Кахуна Ла’ау Лапа’ау Морна Симеона ја објавила „осовремената“ верзија на хо'опонопоно. Со тоа не само што го направила познато традиционалното хо'опонопоно, вадејќи го од тајниот свет на Кахуните, туку исто така, му дала и една универзална насока. „Универзалната“ карактеристика не се појавила веднаш. Морна го развивала своето хо’опонопоно преку неколку ревизии, во период од 19 години - почнувајќи од верзијата во раните 1970-ти на неколку страници сè до конечната во 1991 година како учебник за нејзините семинари.


Насловите на комплетните дела исто така се менувале, како што се зголемувал опсегот на нивните молитви. Конечната верзија од 1991 година е фокусирана на нејзиниот систем од 14 чекори. На крајот, комплетното дело на Морна содржи 3 долги форми од 14 чекори и десетина кратки форми од 3-5 чекори. Пацифика Семинарс ги предава кратките форми само во Основен 2 и Основен 3 бидејќи се многу духовни. Никој друг не ги предава на германски јазик.

Основни карактеристики на методот на Морна

Најважните точки на нејзиниот систем вклучуваат:
a)    Може да се изведува самостојно и без помош по кратки упатства. Додека во традиционалното Хо’опонопоно учесниците во некој проблем морале да бидат физички присутни, во системот на Морна тие се духовно присутни, на еден посебен начин, во изведбата од првата до последната молитва.
b)    Проблемите се решаваат исклучиво од „Божествениот Создател“ или „Драгиот Господ“. А не од луѓе. Тие едноставно ја немаат таа способност.
c)    Секое човечко суштество има три аспекти на свеста, тие се наоѓаат во три меѓусебно енергетски поврзани, ротирачки јајцевидни обвивки што не се допираат меѓу себе, а навлегуваат и го опкружуваат физичкото тело. За секој аспект, постои внатрешен и надворешен дел.
d)    Целта на духовното прочистување е ослободувањето од негативната причина и притоа се наоѓа решението за кој било конкретен проблем. Ова се постигнува само преку алтруистичка, несебична взаемна грижа; т.е., со вклучување на сите вмешани во некој конкретен проблем при чистењето, за да се исчистат и тие. Само тогаш молитвите ќе достигнат до божествениот Создател. Себичните и егоцентричните молитви не го постигнуваат истиот резултат. Сепак, на нив може делумно да одговорат суштества од астралниот план.
e)    Взаемноста постои само ако и другиот ви прости. Сите мантри се „еднонасочни“ па затоа не се взаемни, и не се хо’опонопоно. Не постои хо’опонопоно мантра. Ова е „Њу ејџ“ пронајдок од раните 2000-ти.
f)    Во системот на Морна нема ниту една од следниве работи: 100% одговорност, нулта состојба, мантра од 11 зборови, алатки како прекинувачи за светло, леплива лента за муви, бела табла итн. Тие немаат никаква врска ниту со Морна, ниту со Хаваите, ниту со Хо’опонопоно.

Организации основани од Морна

Морна основала неколку организации: Во раните 1970-ти, ја основала нејзината прва „Пацифика Семинарс“ како здружение, а во јули 1982 година го презентирала „Самоидентитет на човекот: Прв светски симпозиум“. Високи гости од културата и политиката ја изразиле својата почит со своето лично присуство или со испраќање на честитки.


Во 1980 година, Морна ја основала „Фондацијата на ЈАС“, а подоцна во името го додала „Слобода на космосот“. Во 1986 година, првиот Пацифика Семинарс (здружение) бил пререгистриран во Пацифика Семинарс, здружени компании, со што станаа 2-та Пацифика Семинарс.


На 19.09.1990, 1990, е основана третата Пацифика Семинарс во Германија како здружение (по совет на Божеството до Морна на 15 јуни 1990 година). Како резултат на тоа, Гинтер Шенхартинг поднел оставка како претставник на „Фондацијата на ЈАС“ во Европа.


При основањето на секоја од организациите Морна ги пренесувала соодветно и авторските права за користењето на нејзините процедури како и за придобивките на компаниите (Latin- usus et fructus). Во 1987 г., процедурата на Морна била официјално преведена на германски од Михаел Миклај, а на француски од Ивет Маури, а помеѓу 1986 и 1992 година, Морна ја завршила својата конечна верзија. 


За жал, Фондацијата на ЈАС никогаш не ги усвоила овие изменети и недвосмислено потврдени молитви на Морна како НЕЈЗИНА конечна верзија. По смртта на Морна во 1992 година, Фондацијата на ЈАС ја задржала, како НИВНА официјална верзија, верзијата од 1986 година.

Сегашната ситуација

Ако сега имате какви било прашања во врска со тоа што Фондацијата на ЈАС направила, сменила или вклучила (а можеби е уште поважно, што исклучила), контактирајте ја Фондацијата на ЈАС и прашајте ги: Што е додадено по смртта на Морна ? Зошто мантри? Зошто алатки? Од кого и зошто? Што е отстрането (што е тоа што не се учи повеќе или е исклучено)? Зошто?


Секако, јасновидната кахуна, која неуморно работеше на својот систем 19 години, најдобро можеше да го развие својот систем. Ве молиме да НЕ нè прашувате нас. Нашите денови се исполнети само со вежбање, обуки, книги и ширење на последната верзија на Морна од 1991 година.

bottom of page