top of page

Хо’опонопоно домашен курс
Најевтиниот начин интензивно да научите оригинално Ho'oponopono.

cover_book_macedonian.jpg

Крунисување на свеста - Божествена помош на Создателот преку хо’опонопоно на Морна Симеона - од Михаел Миклај.

Овој психо-духовен учебник со вежби го содржи целосниот метод Хо’опонопоно на Морна Симеона како основен и напреден курс (Основен 1 + 2) со јасни и детални упатства.


Ова е прво издание на македонски, 2021, (8. издание на германски јазик).


Покрај тоа, книгата содржи 42 илустрации во боја за поддршка на содржините што се изучуваат. Комплексната јасновидост на Морна дава необични и непознати увиди во свеста.

book_web.jpg

Aufbaustufe

Michael Micklei: Die Krönung des Bewusstseins - Eine göttliche Handreichung durch das Ho'oponopono nach Morrnah.

 

Hardcover 14,8 x 21 x 1, 92 Seiten,
39 farbige Abbildungen

Специјални белешки

1)    Морна не подучуваше користење на мантра. Исто така, нејзиниот процес не ги брише сеќавањата, туку кармата (која ги брише негативните делови од сеќавањата).


2)    Со користење на нејзиното „хо'опонопоно“, работите разиграно на причините за вашите проблеми, кои можат да бидат во далечни минати животи - затоа што вие сега само го жнеете семето што сте го посеале некогаш, тоа е „енергетскиот“ баланс во училиштето на животот. Не треба дури ни да ги знаете причините, вашата потсвест - нагалено наречена Внатрешно дете – ќе ги најде за вас како што е објаснето во книгата.


3)    Изведувајќи го процесот на Морна, барате од божествениот Создател не само да ги избрише кармичките причини, туку и да ги наполни испразнетите места во свеста со чиста светлина, Морна го подигна хавајското хо'опонопоно на повисоко ниво.


4)    Со можноста за самостојно изведување на хо’опонопоно процесот на Морна, на различни јазици и на секој проблем, тоа стана „универзално“.

Квалификацијата на авторот

Михаел Миклај го предава хо’опонопоно на Морна од 1987 година, откако го научил од Морна – тој најверојатно е учител за xо’опонопоно со најдолг стаж надвор од Соединетите Држави.


Средбата со Морна Симеона за време на нејзините први семинари во Германија во ноември 1986 година имаше траен ефект на неговиот духовен пат: најпрво во 1987 година преку соработката со Морна за официјалниот превод на нејзиниот метод за решавање на проблемите „хо’опонопоно“ на германски. И, се разбира со учењето на оваа процедура на нејзиниот извор, комплетирано со овластувањето да го предава и највисокото ниво (Основен 3).


Морна намерно ја помина последната година од својот живот, до февруари 1992 година, во неговиот дом со Ивет Маури во Кирхајм близу Минхен. Тоа беше знак за тоа од каде, како и од кого делото и светлината на Морна ќе продолжи да се шири, за да „сјае“ во светот.
 

Резултати од чистењето

Хо'опонопоно на Морна Симеона може да ви помогне при какви било лични проблеми, на пример


*     Постигнување на внатрешен мир, среќа и успех
*     Намалување на стресот на вашите деца од училиште и од оценување 
*     Подобро разбирање помеѓу децата и родителите
*     Полноправни односи, ослободување од проблематичните врски и депресија
*     Ослободување од зависноста од лекови, алкохол, никотин и храна 
*     Решавање на проблеми со прекумерна тежина и неуспеси во кариерата
*     Престанок на караниците со соседите, станарите, сопствениците 
*     Хармонични односи со клиентите, добавувачите и колегите во канцеларијата
*     Ослободување од долгови и чести кошмари
*     Ослободување од туѓи духови во куќата и градината
*     Ублажување на физички заболувања и ожалостеност

 

„Чување на еден бисер“

Оваа е единствената книга за оригиналното Хо'опонопоно на Морна - засновано на она што е познато и практикувано со години на Хаваите, но не како некаква мантра.


Волшебните зборови на Морна беа: рамнотежа, внатрешен мир и ослободување од незнаењето за нашето божествено потекло. Но, исто така, и свеста за тоа дека го доживуваме она што сме им го направиле на другите, и доброто и лошото - и дека секој од нас може да ги поправи направените грешки.


Дали овие информации ве направија љубопитни?

Тогаш книгата можете да ја нарачате >  ТУКА  < во онлајн продавницата.

bottom of page