top of page

Преглед на Хо'опонопоно
На македонски каде и да сте - во духовниот контекст на нашето време

Хо'опонопоно на Морна е едноставен и директен: Вашите проблеми и луѓето вклучени во нив, на одреден начин, ги запишувате на список. Потоа ги рецитирате молитвите на Морна следејќи ја постапката во 14 чекори. Хо'опонопоно на Морна не е религија, тоа е духовен метод за решавање на психо-духовни проблеми,а започнува со вашиот слободен избор да направите хо'опонопоно, и го вклучува секој дел од вас за исцелување. Неговото потекло е древно, а сепак е толку модерно и практично. Морна, јасновидно, постојано и успешно, го следеше функционирањето на своите хо'опонопоно молитви.
 
     Хо'опонопоно на Морна е совршено за духовниот контекст на нашето време, и за многуте тешкотии со кои се соочуваме лично, национално и глобално. Тоа се шири спирално, на повеќе јазици, за да го разберат сите народи, бидејќи неговата примена е универзална. Но, да имаме на ум дека хо'опонопоно потекнува од Хавајците и од нивната култура а токму таму беше откриено „взаемното“ простување! Тоа е срцето на хо'опонопоно.

Пацифика Семинарс
Успешна приказна

 

Пацифика Семинарс е посветена единствено на ширењето на Хо'опонопоно на Морна, што доведува до решавање на проблемите и до подигање на свеста, во комбинација со реализацијата на вашата цел. Го правиме тоа веќе 34 години, а задоволството што го добиваме од споделувањето, на оние кои се надеваат на промена, е неизмерно.

Што значи Хо'опонопоно?Официјалното хавајско објаснување

Хо'опонопоно потекнува од домородните Хавајци, и беше прилагодено на нашево време од хавајската кахуна Морна Симеона. Хавајскиот научник Мери Кевен Пукуи даде официјална дефиниција во хавајскиот речник како . . .

Хо'опонопоно
искуства


 

Сведоштвата за мали и големи позитивни промени на околностите по правењето на Хо'опонопоно на Морна се возбудливи и вообичаени. Тоа ги чисти не само луѓето, нивните односи, финансии и здравје, туку и животните, растенијата, предметите и духовните суштества, молекулите и атомите. Вклучени се сите области на созданието и сите ќе бидат ослободени.

Хо'опонопоно поддршка

Иако нашата книга е направена да биде лесно разбирлива за почетниците, доколку имате прашања, можете да побарате помош. Ова исто така важи и за учесниците на нашите семинари во живо. За нас е важно вашето јасно разбирање на Хо'опонопоно на Морна, што води кон решавање на вашите проблеми. Имаме прекрасен подарок за вас: Нашата поддршка сè уште е бесплатна.     

Книгата за Хо'опонопоно како домашен курс
 

Со оваа книга ќе имате вистинско богатство во вашите раце. Можете да го научите и практикувате автентичниот, оригинален духовен метод за решавање проблеми според Морна во мир и тишина. Исто така е достапна и поддршка. Веднаш е достапна, може да се научи и да се примени.

Како се развило Хо'опонопоно?
 

Методите за решавање на психо-духовни проблеми (менталното исцелување влијае врз сите делови на себството) уште од древни времиња биле познати во полинезискиот регион. Хо'опонопоно е хавајската верзија. Покрај традиционалниот (таен) метод, што го воделе старешини или исцелители наречени кахуни, домородната хавајка Морна Симеона разви своја модерна верзија која секој може да ја изведува сам.

Хо'опонопоно во хавајската државна болница
Што се случи 1984-1987 година?

Апсолутно е точно дека во оваа хавајска болница, 23 умоболни криминалци се исцелени и ослободени со употреба на методот на Морна - но многумина ќе се изненадат дека тоа не било со употреба на некаква мантра, туку со користење на процесот на Морна со 14-чекори, и дека било изведено под нејзин надзор.

Заблуди за Морна Симеона

Што е навистина од Морна, а што не е? И, како можете да направите разлика?

Хо'опонопоно курсеви во живо 
Кога и каде

Ивет Маури и Михаел Миклај беа обучени лично од Морна од 1986-1991 година. Таа несебично ги обучуваше и ги водеше сите што го почитуваа нејзиното Хо'опонопоно, со интегритет, поминувајќи ја својата последна година од животот не на своите сакани Хаваи, туку со нас во Германија.

Која е Морна Наламаку Симеона?
 

Морна Симеона се смета за еден од најпознатите Хавајци, на исто ниво со големата пророчица Макавеливели, па и повисоко. Нејзината напредна јасновидост и поврзаноста со повисоките суштества ѝ овозможија да го обнови древното практикување на Хо'опонопоно.

Хо'опонопоно во 12 чекори или Хо'опонопоно во 14 чекори?
 

Во 1980-тите години, Морна го користела процесот од 12 чекори плус список со напишани проблеми (вкупно, 13 чекори). Списокот е неопходен, а и некои други мали аспекти биле расчистени во раните ‘90-ти. Пацифика Семинарс Германија ја користи само верзијата на Морна од 1991 година со 14 чекори.

Заблуди за Хо'опонопоно

Постојат различни езотерични, магични и „њу-ејџ“ процеси што се нарекуваат Хо'опонопоно, но не се оригинални. Тука, ќе ги идентификуваме, само за да укажеме дека не се оригинално Хо'опонопоно, но нема да ги оценуваме.

bottom of page